Граѓаните на Кратово и јас лично со големо задоволство ја примивме веста дека почитуваниот Ѓорге Иванов ја прифатил кандидатурата за претседател на Република Македонија. Тоа е одраз на големата желба на македонскиот народ на големиот број интелектиалци, студенти, земјоделци, работници, на граѓаните на Макеоднија, им се обрати денеска Љубисав Иванов – Ѕинго на присутните граѓани на митингот во Кратово.
Од 2006 година, како што рече Ѕинго, се води политика со која се достигнати големи дострели во развојот на Република Македонија, а основите на таа политика се поставени и произлегуваат од тогашните програми кои се претворија во проекти кои се претворија во реализација.
– Голема заслуга има Иванов, кој даде силна поддршка за спроведувањето на тие програми. Не само што беа усвоени, тие програми се и реализирани, а сега имаме можност за еден континуитет на едни нови програми, нови преокти, реализација и остварување – рече Ѕинго.
Тој додаде дека е длабоко убеден дека тимот Иванов-Груевски ќе ја направат Македонија една од најразвиените замји на Балканот и пошироко.
– Затоа ние кратовци ќе гласаме за Ѓорге Иванов, масовно, единствено ќе излеземе и ќе гласаме за човекот што не го жали својот труд за постигнување такви резултати. Тој го поврати угледот на Македонија – изјави Ѕинго.
Тој истакна дека на еден рамноправен начин разговарал со лидерите на големите и на малите држави, секогаш достоинствено и на рамноправна основа.
– Со гнасење тој го одби предлогот на еден од лидерите на опозицијата за свиткување на кичмата. Тој стручњак за „кичми“ ни рече дека треба да ги „виткаме кичмите“, треба да лазиме и да ползиме, треба да молиме. Ама тоа не е одраз на македонскиот народ, македонскиот народ е горд народ, не ја витка својата кичма. Нека ја виткаат тие и нека станат четвороношци – им порача Ѕинго.
Тој изјави дека кратовци од Иванов бараат да продолжи како досега да ја врши одговорно својата функција, да ја спорведува политика, која досега ја споведе, да гради меѓучовечки, меѓунационални односи, да врши големо влијание и притисок за развојот на Македонија, за отворање на нови работни места за младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево