Пред пет години од ова исто место, кога многу луѓе не ме познаваа, реков дека ќе ме препознаете по моите три принципи, кои ме водат во животот: дека сум чесен, дека сум искрен и дека сум вреден. По пет години имам чист образ повторно од ова исто место да ви кажам дека останав чесен, искрен и вреден. Истиот сум, не се променив, рече претседателот Ѓорге Иванов пред кратовци.
Пред пет години ја освоив вашата довреба со програмата што ја понудив. Таа програма е целосно исполнета и доаѓам со нова програма за нова доверба за следните пет години. Покажавме како се работи тимски за Македонија, како се сака Македонија и како се гледаат сите тие резултатите од заедничката работа. Каде и да одев обезбедував политичка поддршка за проектите на владата, каде и да одев го промовирав новото лице на Македонија, како земја реформатор, како земја со најповолни услови за странски инвестивции, каде се потребни инвестиции и каде е потребна поддршка и помош, рече Иванов на митингот во Кратово и додаде дека тој и сите од Владата сѐ што кажале го исполниле и затоа имаат образ повторно да дојдат и да побараат доверба од кратовци.
Иванов истакна дека во Македонија се донесени повеќе од две милијарди странски инвестиции кои можат да се видат секаде низ државата.
– Синоќа ја видовме најголемата фабрика во Кавадарци, која вработува 4.000 луѓе. Тоа е успехот на Македонија. Можеме да видиме како се градат автопатишта, ќе се заврши изградбата на пругата до Бугарија. Обезбедивме 120.000 нови работни места во Македонија кога беше најголемата светска криза. Ја градиме Македонија како напредна земјоделска земја, во која земјоделците со субвенциите можат да обезбедат достоен живот. И во наредниот период ќе продолжат субвенциите. Тие стигнаа до 500 милиони евра. Половина милијарда се вложени во земјоделието и земјоделието знае со извозот на земјоделски производи како да ги врати тие вложени средства во Македонија – рече претседателот Иванов.
Шефот на државата ги потсети кратовци на инфраструктурните проекти кои беа реализирани во тој регион.
– Реконструиран е регионалниот пат Кратово – Пробиштип, изградени се повеќе локални патишта, изграден е мост на Крива Река во населеното место Куклица, во тек е изградбата на колекторски систем за речнотокорито на реката Кратовска. Браната „Кнежево“ е најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“ и таа беше пуштена во употреба во јануари 2013 година. Со оваа инвестиција, заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава, меѓу кои и Кратово – рече Иванов.
Ѓорге Иванов исто така истакна дека во однос на надворешната политика заедно со владата посветиле време на прашањето за разликата околу името.
– Имам јасен став за кој знам дека имам поддршка од граѓаните. Не прифатив и нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. И овде во Кратово ќе повторам, македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања. Јас сум претседател кој го слуша својот народ и му служи на својот народ. Македонскиот народ не случајно рекол славењето и гостопримството ни е во крвта, нема слава без соседот, без гости. Македонците се отворени луѓе, добри соседи, гостопримливи кон добронамерниците. Драги кратовци, тие принципи се и мои принципи во надоврешната политика, во градењето на добрососедските односи, во регионалната соработка – истакна Иванов.
За време на неговите посети на други земји Иванов рече дека се сретнал со многу светски лидери, но не заборавил од каде потекнува.
– Затоа имав средби со граѓаните. Посетив многу градови и села и мојот кабинет беше отворен за секој што сакаше да се сретне со мене да каже што мисли за тоа што го правиме, како се справува со предизвиците. Повеќе од 5000 граѓани беа во мојот Кабинет. Со сите се среќавав, разговарав и на сите посветив внимание. Им помагав во рамки на моите надлежности колку што можев.Вратите на мојот Кабинет ќе останат отворени, но сега и за новите технологии, да можат граѓаните преку новите технологии да доставуваат предлози, барања и идеи до мене и моите соработници. Тоа што го правев јас го правеа и Премиерот и министрите.Од сите ваши потреби се создазаваат програмите кои ги исполнуваме и за нив даваме отчет. Во тоа е разликата меѓу нас и другите. Ние секогаш тоа што го кажуваме го исполнуваме и знаеме да дадеме отчет. Дали станува збор за пат, амбуланта, училиште, сето тоа влегува во програмата на коалицијата и еден по еден проект се реализираше, рече претседателот и вети дека нема да застанат тука, туку продолжуваат со иста посветеност и љубов кон Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево