| четврток, 6 декември 2018 |

Метеж во Кавадарци – кавадарец нападнал полицајци

Вчеравечер, во 19.30 часот, на крстосницата од ул.„М.Х.Јасмин“ и ул.„Илинденска“ во Кавадарци, додека униформирани полициски службеници од ПС „Кавадарци“ регулирал сообраќај, В.К.(25) од Кавадарци одбил да постапи по нивните наредби и притоа упатувал закани кон полицајците.

При приведување, В.К. давал пасивен и активен отпор на тој начин што со рацете се оттурнал од службеното возило и физички го нападнал едниот полицаец, а потоа кога излегувал од службеното возило во полициската станица го нападнал и вториот, удирајќи го со нога во пределот на левата надколеница, притоа нанесувајќи им телесни повреди.

ПС „Кавадарци“ презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top