Женската ракометна репрезентација на Македонија, попладнево против Русија ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство, што во декември годинава ќе се одржи во Унгарија и во Хрватска.
Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев ќе се обидат да го поправат впечатокот по првиот дуел одигран пред три дена во Ростов, каде беа убедливо поразени со 13 голови разлика- 36:23.
Почетокот на натпреварот е во 17:45 часот, а ќе се игра во СРЦ „Кале“.
Ова е натпревар од седмата квалификациска група во кој е и репрезентацијата на Германија против која нашите ракометарки во јуни ќе играат дво-меч.
На табелата води Русија со 4 бодови по три одиграни натпревари, Германија освои 2, а Македонија се уште е без освоен бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.