| четврток, 6 декември 2018 |

Додовска:Ние сме мал народ со големо срце, а нашето срце го препознаваме преку политичката платформа на Иванов

ivanka

Она што кај граѓаните е препознатливо и што го најдоа како поисповетување со она што е длабоко во нивното срце е тоа што Ѓорге Иванов беше избран од народот, од граѓаните и цело време во неговиот петгодишен мандат делуваше во интерес на граѓаните. Досега македонскиот плурален систем многу малку имаше искуство со непосредно учество на високите државни претставници помеѓу народот. А граѓаните сакаат да бидат блиску со претседателот, сакаат да бидат слушнати, да ја дадат својата реакција и да видат дека истата преку државниот врв се пренесува онака како што е кажана. Тоа е она што го обележува Иванов. Оваа масовна поддршка на митинзите на Иванов покажува дека тој останува доследен на она што пред пет години го вети – активно учество во политиката, залагање за зачувување на идентитетот на Македонците. Минатата година во Пелинце тој изјави дека ако се откажеме од својот идентитет е исто како да сме исушиле една река. Тоа е она што допира до секој човек, тоа е борба со која се соочуваме и во 21 век. Достојното претставување надвор е друга карактеристика на Иванов. Овие 5 години видовме еден поинаков пристап за разлика од неговиот претходник Црвенковски. Иванов беше присутен на секаде на светската сцена, имаше голем број на билатерални средби со светските државници. Тој е прв лидер од Југоисточна Европа којшто воспостави контакти со НР Кина којашто е број еден во светот, економски лидер. Успеја да донесе инвестиции од Кина. Го отвори пазарот, на тој начин им помогна и на нашите соседи, но и  ја постави Македонија на едно повисоко ниво – посочи политиколог Иванка Додовска на синиќешниот митинг на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов.

Таа од отвореното студио од Кавадарци нагласи дека Иванов има многу доследен став во однос на клучните национални и државни прашања. Потенцираше дека за првпат во македонската историја имаме отчет.

Претседателот Иванов е претседател којшто петпати по ред доживеа позитивен извештај од страна на ЕК. Прескокна еден голем број на пречки кои што беа поставени. Кога се зборува за идентитетот, за уставното, државното име на една земја, тука нема компромис. Не постојат црвени линии. Тој како човек е многу скромен и тивок. Но како претставник на Македонија тој ја носи целата енергија на македонскиот граѓанин и таа обврска ја вршеше многу доследно – додаде Додовска.

Според неа, Иванов продолжува со академската дејност. Работи на продлаблачување на духовниот дијалог, и е еден од главните стожери на изградбата на соживотот во Македонија. Влегуваше во црква, влегуваше и во џамија, разговараше со секого, без разлика на етничката припадност.

Република Македонија е мала земја. Ние сме мал народ со големо срце, а нашето срце можеме да го препознаеме преку неговата политичка платформа. Секој вистински Македонец, па и Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Србин, Хрват, Влав Евреин, се наоѓаат во таа платформа. Иванов на сите им даде простор и дозволи да се развива секој индивидуално, да биде почитуван и на тој начин, преку иницирање на духовните дијалози, тој го промовираше и концептот на промовирање на единката во заедницата, во општеството, за сите ние кога ќе излеземе надвор од границите да можеме гордо да ја претставуваме.А и останатите од светот кога ќе не запознаат да не помнат по претседателот на Македонија, по професорот Иванов – додаде политикологот потенцирајќи ја академската интелектуална длабочина, која, како што рече, е на врвот, со сите светски интелектуалци.

Додовска ја потенцираше и посветеноста на Иванов на младите, како воспоставувањето на школата за лидери и воведувањето на признанието за најдобар млад научник. Според неа, тоа се гестови со кои тој ги поттикнува луѓето, ги прави да се чувствуваат достоинствено и да се горди што се од Македонија.

Иванов донесе позитивна енергија, тој не се откажува од македонштината. Останува во контакт со младината, со интелектуалците. Не смее да се заборави неговото семејство. Маја Ивановска беше активна, со голем број хуманитарни активности. Луѓето со нив се чувствуваат опуштено. Тоа се докажа со поддршката од народот, тие над 60.000 потписи собрани за 24 часа, како поддршка на неговата кандидатура – коментира Додовска.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top