
-Јас бев дел од бугарскиот Идол. Од Македонци, таму настапувавме јас, Александар Тарабунов и Бојан Стојковски, но таму политиката беше малку поинаква и уште од самиот старт знаевме дека немаме шанси за победа. Таму владееше националистичка политика и тоа ни беше јасно на сите, вели пејачот Дарко Илиевски во изјава за Вечер.

– Дека учеството ми беше отскочна даска во кариерата ми беше, но доколку немаш квалитетен тим со кој ќе продолжиш да соработуваш после завршувањето на шоуто, се е џабе. Ние со продукцијата која го организираше бугарскиот Идол имавме потпишано договори на 6 месеци и бевме обврзани да не снимаме ништо за тој период. Победата е многу тешка, носи многу зезанции со себе. Луѓето од тебе очекуваат многу, а доколку немаш финансии и професионалци со тебе, немаш шанси да го оствариш она што јавноста го очекува. Мило ми е што победи Кајмакоски, но дури сега доаѓа тешкото за него. Јас се сложувам со неговата одлука да остане да живее во Белград, бидејќи кај нас нема шоу-бизнис. Го поддржувам и се надевам дека ќе успее да го оствари она што го замислил, вели Илиевски поучен од своето искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


