| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Меѓу врвните приоритети ќе продолжи да ми биде економската дипломатија

Во мојата програма за следниот мандат меѓу врвните приоритети ќе продолжи да ми биде економската дипломатија. Каде и да одам, ќе продолжам да работам на привлекување странски инвестиции во Македонија, искористување на европските фондови и на претставување и пласман на македонските производи во странство, нагласи Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во Кавадарци. Тој посочи дека има резултати бидејќи виното се извезува како македонски бренд во многу земји во светот, освен на западните пазари, нашето вино стигна и во Кина, во Русија, а винскиот туризам се повеќе заживува.

– Светот го знае нашето вино и сака да ја запознае Македонија, земја на сонцето и виното, со нејзината традиција, културно наследство и храна. Затоа ни е еднакво важно унапредувањето на домашната патна и енергетска инфраструктура. Се подобрува патната врска Градско до Прилеп и Битола преку изградба на експресен пат од Градско преку Росоман и Дреново. Се реконструира регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб, но и локални патишта, додава Иванов.

Тој истакна дека во земјава се донесени речиси 2 милијарди евра странски инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top