Ѓорге Иванов пред присутните граѓани во Кавадарци каде вечерва ја промовираше својата кандидатура за претседател на Република Македонија истакна дека само со образовани кадри може да ја оствариме целта: економија, економија, економија.
-Ќе продолжам и со моите проекти „Школа за млади лидери“ и „Најдобар млад научник“. Проекти со кои ги мотивираме и ги инспирираме младите луѓе да се развиваат и да станат успешни. Проекти со кои ја поддржувам македонската наука и ги охрабрувам младите научници. Сакам Македонија да прерасне во земја на иновации и нови технологии, кои ќе бидат двигатели на македонската економија, нагласи Иванов.
Тој посочи дека ќе продолжи да ги поддржува реформите насочени кон подобрување на образованието, бидејќи Македонија ќе понуди поголеми можности за оние што се образовани, квалификувани, што се експерти и кои вредно работат и се подготвени да го користат својот труд, своите вештини и таленти за да ја обезбедат сегашноста и иднината на своите семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


