| четврток, 6 декември 2018 |

Лорен Скот му остави имот вреден 9 милион на Мик Џегер

Американската модна дизајнерка Лорен Скот која на 17 март се самоуби, со тестамент му оставила се на Мик Џегер, фронтменот на Ролингстоунси.

Нејзиното богатство е проценето на околу девет милиони долари.

– Сиот мој накит, облека, мебел, автомобили и останати лични предмети, како и недвижен имот му го оставам на Мајкл Филип Џегер, се вели во пораката напишана во мај лани.

Само станот од 220 метри квадратни во Њујорк е проценет на осум милиони долари. Таа во тестаментот наведува дека не остава ништо на својот брат и сестра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top