| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Гасификацијата ќе придонесе за развој на македонската економија и производство

lozovo ivanov4

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, вечерва на митингот во Неготино истакна дека се создадени нови можности за македонската економија.

-Ја внесовме Македонија во плановите за гасоводот „Јужен тек“.Во Неготино ќе се вкрстат првата и втората делница на гасоводот, Клечовце- Штип- Неготино и Неготино-Прилеп –Битола. Гасификацијата на Македонија ќе значи поевтина енергија, пониски цени на македонските производи, повеќе можности за развојот на македонската економија и производство. Гасификацијата ќе ги зголеми шансите за нови инвестиции и за нови работни места во Неготино – истакна Иванов.

Тој додаде дека поради цената на гасот некои инвеститори не инвестирале во земјава, но сега, како што посочи, имаат можност повторно да им се обратат и да ги информират дека ќе има евтин енергенс во Македонија.

Иванов додаде дека тимската работа покажала дека знаат да ги реализираат целите и идеите кои ги имаат, а знаат и што понатаму треба да се прави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top