
Владимир Пешевски, вицепремиерот за економски прашања во Владата на Македонија смета дека СДСМ и Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат шират неточи информации. Тој ним им упати порака да ја остават економијата на оние кои знаат да ја водат, на тимот на ВМРО-ДПМНЕ, на Груевски и Иванов.
– Упатуваат порака дека доколку нивниот кандидат победел на изборите ќе се спротисвтавувал на политиките на Владата. Со ваквите изјави почитувани, тие веќе и нанесуваат штета на Македонија, бидејќи непотребано создаваат клима на несигурност и инвеститорите се загрежи дали во иднина тоа може да има негативни последици врз нив. Едноставно не знаат што прават. Она што СДСМ не сака да го види е дека единственото нешто што е во опаѓање во оваа земја е невработеноста, невработеноста што во нивно време растеше и покрај тоа што немаше светска економска криза невработеноста која со ВМРО-ДПМНЕ опаѓа дури и во услови на светска економска криза – нагласи Пешевски на митингот во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


