
Актуелниот и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денес на митингот во Велес истакна дека состојбата со невработеноста во Македонија се менува и во земјата се отворени 120.000 нови работни места, а до крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места.
-Неодамна ја посетив фабриката на „Дрексел Мајер“ од Германија во Кавадарци. Тоа е инвестиција од околу 20 милиони евра. Повеќе од 600 велешани веќе работат во оваа фабрика, а до крајот на годината се очекува тој број да достигне и до 1000. Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван хол“ вработува 60 жители на Велес. Велешани свое вработување најдоа и во фабриките „Џонсон контролс“ и „Џонсон мети“ во индустриската зона „Бунарџик“. Веќе е потпишан договор со германската компанија „Маркард“, која во новоформираната индустриска зона „Караслари“ ќе произведува составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Тоа е инвестиција вредна 35 милиони евра и ќе значи вработување за околу 600 лица, нагласи Иванов.
Тој истакна дека во услови на криза, кога невработеноста во Европа се зголемува, во Македонија сериозно се намалува, а како тим ќе продолжат напорно да работата за граѓаните да можат да заработуваат пристојна плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


