| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата во јануари – 21.327 денари

denari

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 21.327 денари и споредено со јануари лани, е со повсок износ за 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сé, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „транспорт и складирање“ за 7,3 проценти и „градежништво“ и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ за 4 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец, статистиката евидентира во секторите „други услужни дејности“ за 7,2 проценти, „административни и помошни услужни дејности“ за 3,6 проценти и „трговија на големо и трговија на мало“, „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 3,5 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 31.236 денари. Во јануари 1,5 проценти од вработените во Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top