Се разбира дека западните дипломати вршат притисок, т.е. бараат поддршка во светски рамки од секоја земја поединечно за да соберат поголем број на земји во насока на покажување поголем легитимитет, велат од МНР на прашањето на МКД.мк за тоа кој ќе биде одговорот на Македонија на притисокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија за прифаќање на санкциите кон Русија по прогласувањето на Крим за руска територија.
– За санкциите и секое прашање поврзано за Украина ние како земја кандидат за членство во ЕУ, се усогласуваме со европските позиции во доменот на надворешната политика. Воедно сме дел од ставовите и видувањата на ЕУ. Во истиот контекст секогаш сме за почитување на повелба на ОН, суверенитрет, територијален интегритет и почитување на меѓународното право – велат во МНР.
Од регионот, засега само Албанија и Црна Гора ги прифатиле санкциите против Русија воведени од ЕУ и САД.
Идниот српски премиер Александар Вучиќ веќе изјави дека Србија нема да воведе никакви санкции против пријателска Русија. Сепак, западните земји бараат од идниот премиер Вучиќ Србија да им се придружи на членките на Европската Унија и да ѝ воведе санкции на Русија поради кризата на Крим, пишува денес Вечерње новости.
Во меѓувреме Македонија гласаше „за“ резолуцијата што ја усвои денес Генералното собрание на ОН, за поддршка на територијалниот интегритет на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



