Добар ден Градско!
Некогаш, тука била една од престолнините на Македонија, Стоби. Денес, ова е крстосница на Македонија и на Балканот. Сакаме Градско повторно да прерасне во центар на економско и патно поврзување.
Почитувани сограѓани,
Пред пет години ви ветив дека имам моја програма која сакам да ја реализирам ако ја добијам вашата поддршка. По пет години поднесов отчет и кажав дека сè што беше во таа програма, сè е реализирано. Реализирани се и многу многу работи што не беа во програмата.
Во мојот кабинет примив преку 5000 граѓани. Кабинетот беше отворен за многу луѓе. Ги слушав, разговарав со нив. Имаше многумина што бараа помош. Се трудев да им помогнам во рамките на моите надлежности.
Но, не останав во кабинетот. Независно дали се работи за град или за село, културен настан или манифестација на општината, секогаш бев со моите сограѓани. Да бидеш прифатен од сопствениот народ како еден за сите, за мене претставува чест и привилегија. Така најнепосредно дознавав за проблемите и за потребите на граѓаните.
Во сè што правев не бев сам. Од тимската соработка со Владата произлегоа конкретни резултати за Македонија:
- Обезбедивме визна либерализација за вие да можете слободно да патувате низ Европа;
- Добивме пет позитивни извештаи и пет препораки за почеток на преговорите за членство во Европската унија;
- Донесени се околу 2 милијарди евра странски инвестиции во Македонија. Се отворивме кон нови пазари и создадовме нови можности за македонската економија.
Странските инвестиции значат нови работни места. Досега се отворени околу 120.000 нови работни места. До крајот на годината ќе се создадат услови за уште 10.000 нови работни места. Невработеноста во државата е намалена за 28,6%, што е најниска стапка во последните 17 години.
Напорно работиме да продолжиме со овој тренд за граѓаните да можат да работат и да заработуваат пристојна плата, тука, во Македонија, во своите родни места. Создаваме нови можности за младите да работат, да формираат семејства.
Досега, во технолошко-индустриски развојните зони низ Македонија се вработени околу 7000 лица, а се очекува до крајот на 2014 година, бројката да достигне 13.000 луѓе. Многумина од Градско веќе се вработени во некои од новите погони што се изградија. Но, сакаме да ги имате истите услови и пристап кон нови работни места што ги имаат поголемите градови во државата. Затоа, во Градско е отворена и дисперзирана канцеларија на центарот за вработување. Никој не смее да биде обесправен.
Секое ново работно место е нов успех за Македонија.
Драги сограѓани,
Од памтивека, Градско е крстосница на Македонија и на Балканот. Секогаш кога Македонија е дел од отворен простор, Градско просперира. Минуваат патници, превозници и туристи. Се развива трговијата и економијата, и луѓето работат и заработуваат.
Добро уредената крстосница е магнет за странски инвестиции. Затоа, годинава ќе започне да се реконструира железничката пруга од Градско до Неготино и ќе се обнови железничката станица во Градско. Ќе се проширува патот од Градско до Прилеп и Битола за да можат превозниците и патниците да патуваат по современ, безбеден, експресен пат. Таквата стратешка инфраструктура вредна 68 милиони евра е рецептот за економскиот просперитет и за отворањето нови работни места за Градско и за Македонија.
Инвестирани се 25 милиони денари во реконструкција на 4 локални патишта и патот од Долно Чичево до манастирот „Св. Архангел Михаил“. Саниран е и мостот на Вардар на патот Градско-Ногаевци. Ќе се гради и патот од браната Подлес до село Подлес.
Градско економски живее и ќе живее од поврзаноста со цела Македонија.
Со подобрена патна и железничка инфраструктура, земјоделците од Градско ќе можат многу полесно и поевтино да ги пласираат своите производи по македонските пазари и да заработуваат за своите семејства. Од година во година да произведуваат повеќе и поквалитетни земјоделски производи.
Државата многу инвестира во земјоделството. Досега се исплатени половина милијарда евра субвенции за земјоделците. Само за овој регион од 2006 до 2013 година се исплатени околу 1.27 милијарди денари. За 2013 година се исплатени 150 милиони денари субвенции. Ќе има уште субвенции за да се развива земјоделството, за да се отвораат нови работни места.
Сево ова се конкретни проекти и конкретни остварени цели.
Најголемата цел е економски раст и развој на Македонија, за доброто на граѓаните.
Каде и да одев, ја промовирав македонската економија, македонските можности. И во следниот мандат, приоритет ќе ни бидат држава и економија кои создаваат нови работни места.
Ја бараме вашата поддршка за да продолжиме да работиме на економскиот раст и на развојот. Македонија да ја правиме подобро место за сите.
Драги сограѓани,
Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Ве повикувам сите вас, сите граѓани, со заедничка енергија побргу да ги оствариме програмските цели што го обединуваат целото македонско општество:
- Европа во Македонија и Македонија во Европа!
- Држава и економија кои создаваат нови работни места!
- Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите!
Знаеме како да го направиме тоа. Лесно не го даваме зборот. Пак ќе се видиме и со чист образ повторно ќе се погледнеме во очи.
Од Градско продолжуваме кон победата затоа што изборот е Македонија!
Државата пред сè!
Македонија пред сè!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево