Каде и да одев, ја промовирав македонската економија, македонските можности. И во следниот мандат, приоритет ќе ни бидат држава и економија кои создаваат нови работни места – посочи денеска претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на средбата со жителите на Росоман.
Тој посочи дека ја бара поддршката од граѓаните за да продолжат да работат на развојот на земјоделството, сточарството, инфраструктурата.
– Македонија да ја правиме подобро место за сите – порача претседателот Иванов на митингот во Росоман.
Тој нагласи дека и самиот доаѓа од земјоделски крај, од Валандово.
– Сме живееле од напорен труд, од земјата. Никогаш нема да заборавам колку е напорно, но и благородно да се живее од земјоделството. 2009 година станав претседател и се среќавав и со претседатели, премиери, државници, но ја користев секоја можност да се сретнам и со моите сограѓани. Во мојот кабинет примив преку 5000 граѓани. Кабинетот беше отворен за многу луѓе. Ги слушав, разговарав со нив. Имаше многумина што бараа помош. Се трудев да им помогнам во рамките на моите надлежности. Но, не останав во кабинетот. Независно дали се работи за град или за село, културен настан или манифестација на општината, секогаш бев со моите сограѓани. Да бидеш прифатен од сопствениот народ како еден за сите, за мене претставува чест и привилегија. Неодамна го посетив и Росоман. Така најнепосредно дознавав за проблемите и за потребите на граѓаните. Ја исполнив програмата за која ја добив вашата доверба во 2009 година. Реализирав и повеќе од тоа што беше предвидено. Денес, повторно сум меѓу вас и со чист образ повторно ја барам вашата доверба за да продолжам со иста посветеност, чесност и искреност да работам за Македонија, заедно со вас – рече Иванов.
Нагласи дека знае колку се посветени на земјата и кога и да посети земјоделски краишта, секогаш наоѓа трудољубиви и чесни луѓе. Луѓе-работници, кои со свои раце го печалат својот леб.
Македонија е земјоделска земја. Државата вистински го вреднува трудот на земјоделците. Од 2006 година досега се исплатени 550 милиони евра субвенции на земјоделците. Годинава веќе се исплатени околу 70 милиони евра субвенции на лозарите, сточарите, овоштарите и други, а до крајот на годината ќе се исплатат уште 140 милиони евра. Инвестирањето ќе продолжи за да се отворат многу нови работни места. За да се развие винската индустрија и винскиот туризам, во општина Росоман се понудени на продажба градежни парцели. Тоа долгорочно ќе значи нови работни места за граѓаните од Росоман. Вашите земјоделски производи, грозјето, праската, треба лесно и брзо да ги пласирате на пазарите низ Македонија и на европските пазари. Отвораме нови пазари за пласман на сè она што раѓа земјата од Росоман. Истовремено треба да се инвестира во преработувачки капацитети за да се зголеми вредноста на вашиот труд. Затоа се инвестира во инфраструктурата. Се градат, се обновуваат и се прошируваат патиштата. Обновени се пет локални патишта што го поврзуваат Росоман со околните села. Наскоро ќе почне изградбата на современ пат од Градско преку Росоман и Дреново до Прилеп и Битола – истакна Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево