| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Човечки е да се направи лапсус, нечовечки е да се убива сè што е македонско

Човечки е да се направи лапсус. Да се згреши во искажувањето. Никој не е повреден ниту, пак, осиромашен или предаден со таквата грешка, напиша Тони Михајловски на својот профил на „Фејсбук“.

„Но да се продаде името, да се продаде знамето, да се осиромаши Битола (ТАТ), да се предаде и ограби сопствениот народ, да се внесат 160.000 платеници за да направат војна, да се убива сè што е македонско,е тоа се грешки што сите уште скапо ги плаќаме и кои се нечовечни и треба да се казнат“, напиша Михајловски, уште еднаш искажувајќи ја својата отворена поддршка за претседателот Иванов.

toni-ivanov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top