Нико Розберг беше најбрз на последниот слободен тренинг, пред Кими Раиконен и Себастијан Фетел во воведот за Големата награда на Малезија.
Победникот на првата трка оствари време од 1:39.909 што беше за 0.035 подобро од Раиконен, додека светскиот шампион заостана со 0.061.
Одличниот ден за екипата на Мерцедес го заокружи Луис Хамилтон со пласман на четвртото место, додека петти беше Фернандо Алонсо.
Квалификациите за трката се закажани за во сабота од 6 часот, додека трката стартува во недела еден час подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.