| четврток, 6 декември 2018 |

Одрони на пат, Катланово – Велес се вози по една коловозна лента

velse odrnon Поради расчистување на одронот на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, со можни прекини на сообраќајот. Тие прекини се поради потребата на механизацијата на Македонијапат да маневрира за да може да се ослободи за сообраќај и другата коловозна лента.

Инаку, според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, во зимски услови, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради можни одрони, посебно да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top