| четврток, 6 декември 2018 |

Избрани најуспешните менаџерки за 2013 година

zeni
Агенцијата „Марили“ синоќа по 18. пат ги избра најуспешните менаџерки од Македонија.
Меѓу најуспешните менаџерки за 2013 година се прогласени Маријана Ангелоска од „Ариљеметал“, Марина Бадаровска-Мишевска од „Казино Фламинго“, Маја Димовска од „Чоколографија Македонија“, Тања Дејаноска од Дентал интернационал Дејаноски, Евгенија Зафировска од „Бестел“, Даниела Пиперкоска од „Луцерн ВИП“, Анета Антова-Пешева од „Унет Ултра“, Магдалена Симоновска од „Шевро“ и Славица Тодоровска од „Хемофарм“ од претставништвото во Скопје.
Од општествениот сектор за најуспешна е избрана претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

zeni 2
Агенцијата „Марили“, како општествено одговорна компанија оваа година, одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, организираше и хуманитарна акција, а средствата собрани од неа се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, кој ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top