По метеоролошки бурниот четврток, нè чека помалку бурен петок. Во овој последен работен ден неделава повторно, локално, нè очекува нестабилност проследена со повремно интезивирање на врнежите и грмежи. Веројатноста за оваа појава е поголема во југоисточниот дел од земјата, како и во Малешевијата. Локален повремен дожд ќе има во поглем дел од земјата, а најмала веројатност за врнежи има во централниот дел од Македонија. Слаб снег и понатаму ќе паѓа во планинскиот регион во западниот дел од земјата. Ветерот ќе биде претежно слаб, од променлив правец.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот помеѓу 12 Целзиусови степени и 15 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 17 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува променливо време со повремени, претежно слаби врнежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе има вредност околу 1 Целзиусов степен, а максималната околу 15 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст