Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов на вечерашниот митинг говореше за конкретни проекти за развој на Прилеп и Македонија.
-Се инвестира во земјоделството. Исплатени се половина милијарда евра за земјоделците, за тутунарите, за лозарите. Инвестирањето ќе продолжи за да се отворат многу нови работни места и Македонија да стане земјоделски развиена земја. Се градат и се обновуваат патиштата. Реконструиран е патот Прилеп -Македонски Брод. Во тек е подобрувањето на патот од Градско до Прилеп и Битола. Планирана е и обнова на железничката станица во Прилеп. Изградена е градинка во Тополчани и училиште во Чепигово. Се планира и училиште во Беровце. Се реконструираат старите и се градат нови болници. Се изгради и амбуланта во Мало Коњаре. Еден од столбовите на мојата платформа е и солидарноста. Солидарноста се гради со секоја отворена народна кујна. Со секој изграден стан за наши сограѓани кои се социјално ранливи. Во 2013 година во Прилеп почнаа да се градат 75 такви станови. Со дневен центар за деца на улица, посочи Иванов пред прилепчани.
Тој посочи дека работи и на зачувување на традицијата. Преку секоја обновена староградска куќа. Преку негување и туристичко промовирање на древните манастири Зрзе, Трескавец. Конкретни проекти и остварени цели.
-Најголемата цел е економски раст и развој на Македонија за доброто на граѓаните. Каде и да одев, ја промовирав македонската економија, македонските можности. И во следниот мандат, приоритет ќе ни бидат држава и економија кои создаваат нови работни места. Знаеме каде одиме, знаеме што сакаме. Ве повикувам сите вас, сите граѓани, со заедничка енергија побргу да ги оствариме програмските цели што го обединуваат целото македонско општество- Европа во Македонија и Македонија во Европа! Држава и економија кои создаваат нови работни места!Македонија, дом во кој се гради благосостојба за сите, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево