Претседателот Иванов дава огромна поддршка за стипендирање на младите луѓе, наша цел е да создаваме генерации на образовани луѓе кои ќе се враќаат овде без разлика каде студирале и ќе ја градат Македонија како земја со силен економски раст. Ова го истакна министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на денешниот митинг во Прилеп.
-Ја имав таа чест заедно со Иванов да соработувам на проекти во образованието и науката. Заеднички реализиравме многу проекти со кој се унапреди севкупниот образовен систем во Македонија. Иванов е човекот кој даваше безрезервна поддршка и помагаше за подобри услови во училиштата, за подобрување на условите за работа на наставниците и научно-истражувачките работници, рече Ристовски.
Тој истакна дека јасната цел на Иванов е идентична со целта на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ- да создава генерации на образовани луѓе кои ќе се враќаат овде без разлика каде студирале и ќе ја градат Македонија како земја со силен економски раст.
-Иванов е човекот под чие покровителство 4 години се доделуваат стипендиите „Борис Трајковски“. Осумдесет македонски студенти веќе се дел од меѓународно признати универзитети, го надградуваат своето знаење и се подготвуваат целокупното свое знаење да го донесат и да го имплементираат за подобар раст и развој на Македонија. Заедно со Иванов инвестиравме со основното, средното и високото образование, рече министерот.
Тој посочи дека поддршката на Иванов била и во личниот авторитет со кој често сугерираше решенија за подобрување на образовниот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево