| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Кривогаштани: Делата зборуваат колку бевме чесни, искрени и вредни

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со жителите на Кривогаштани. Населението во Кривогаштани го пречека претседателот Иванов и ја поздрави неговата повторна посета.
– Пред пет години ви ветив дека имам моја програма која сакам да ја реализирам ако ја добијам вашата поддршка. После пет години поднесов отчет и кажав дека сѐ што беше во таа програма, сѐ е реализирано. Реализирани се и многу работи што не беа во програмата. Пред пет години ви кажав дека доаѓам со она што ме воспитале и што ме водело низ целиот живот – да бидам чесен, да бидам искрен и да бидам вреден. После пет години повторно доаѓам и ви кажувам дека не сум се променил. Делата зборуваат колку бевме чесни, искрени и вредни – рече Иванов пред жителите на Кривогаштани.

Македонскиот претседател истакна дека и во иднина ќе се залага за уште поголем развој на економијата во Македонија и посочи дека младите се најзначајниот капитал во државата и за таа цел треба постојано да се вложува во нивното образование.

Актуелниот претседател и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат доби поддршка од жителите на Кривогаштани за неговите досегашни политики и активности, кои изразија очекување дека Иванов во иднина со уште посилно темпо ќе продолжи да работи за доброто на сите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top