Левиот бек на РК Вардар и тазе репрезентативец на Македонија, Немања Прибак, без никаква намера ги посрамоти сите што со децении живеат во земјава, а не сакаат да го користат македонскиот јазик.
Во интервју за Република ТВ, Прибак на невообичаено чист и прецизен македонски јазик, почитувајќи ги сите граматички правила, зборува за реваншот против Хамбург, кој Вардар го игра в недела.
Одличниот македонски јазик што Прибак го совладал во последните неколку години е порака до сите што со децении живеат во Македонија, а не го научиле или, уште полошо, воопшто не се потрудиле да го совладаат официјалнот јазик на земјата каде што го вадат лебот или каде што ги довел животот.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој цели 12 години е во врвот на македонската политика, е еден од тие што упорно одбиваат да говорат на македонски јазик иако исто толку време зема пратеничка плата од државата во која македонскиот е официјален јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


