| четврток, 6 декември 2018 |

Државата ќе добие 15,3 милиони евра дивиденда од Телеком

telekom

Во државната каса ќе се слеат 15,3 милиони евра од дивиденда на телекомуникацискиот оператор Македонски Телеком. Ова денеска го договорија акционерите на компанијата на годишното собрание.

Компанијата годинава распредели добивка од  2,7 милијарди денари (44 милиони евра) која е помала од предходните години. Лани на пример е поделена добивка од 65 милиони евра, а во 2012 година повеќе од 71 милион евра.

Распределбата на добивката ќе се врши во текот на последната недела на април, а вредноста на акцијата е утврдена на 31,49 денари. Акционерите ќе добијат износи од кои претходно ќе бидат одбиени давачките кон државата (во зависност дали се правни и физички лица).

Владата поседува 34,81 отсто од акциите во Македонски телеком, а најголем акционер е германски „Дојче телеком“ кој поседува 51 отсто од акциите, Македонски Телеком има 10 отсто сопствени акции, а Меѓународната финасиска корпорација (IFC), која е членка на Светска банка има 1,79 отсто од акциите. Малите акционери имаат 2,40 отсто од акциите.

Собранието на акционерите денеска го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски телеком за 2013, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија за 2013 година.

Потврдени се и новите членови на Одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија. Атила Кесе, Михаел Франк се избрани за независни членови на Одборите. Франк Полц за независен незивршен член, а  Божидар Полдругач е именуван за главен директор за техника на Македонски Телеком и Т-Мобиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top