Центарот за јавно здравје – Скопје денеска прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје.
Најголем дел од заразените се деца до четири години, додека останатите се на возраст од 20 до 40 години, а има тенденција на постојан пораст.
Од почетокот на годинава досега лабораториски се потврдени 25 случаи со морбили, а веќе има најава за нови три-четири случаи во текот на денов.
– Последните осум случаи се епидемиолошки поврзани, односно почнало да се шири преку блиски контакти во непосредната околина – истакна раководителката на Одделението за епидемиологија при Институтот, Лилјана Лазаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



