| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Долнени

Претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, денеска го посети селото Долнени. Жителите на Долнени го поздравија претседателскиот кандидат за втор мандат и му искажаа поддршка за претстојните избори.

На средбите локалното население ги поддржа ставовите на претседателот Иванов во однос на заштита на македонскиот идентитет, и ги поздрави неговите досегашни активности за економски развој на државата.

Претседателот Иванов пред жителите на Долнени ги претстави главните цели од изборната програма и истакна дека само заедно, сплотени ќе можеме да ги оствариме заедничките цели за подобра иднина на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top