| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот парламент не го поддржа предлогот за економски санкции кон Русија

Ceska-prlament

Претставничкиот дом на Парламентот на Чешка не го поддржа владиниот предлог за воведување санкции кон Русија. Истовремено, парламентарците гласаа и против зголемување на буџетот за чешката армија.

Моментно буџетот на Министерството за одбрана изнесува 1,1 процент од домашниот бруто-производ (БДП). Отфрлениот предлог предвидуваше во 2015 година Министерството да добие 1,3 процент, а до 2017 година сумата да се зголеми на два процента од БДП.

Во врска со ситуацијата во Украина, САД и ЕУ воведоа индивидуални санкции за Руската Федерација, како што се замрзнување на сметките на повеќе лица и забрана да им бидат издавани визи.

Повеќе недели во ЕУ се зборува за економски санкции против Русија, но засега нема решение за тоа.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „неумесно и контрапродуктивно“ да се разговара со Русија преку санкции. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека штетите во таков случај ќе бидат заемни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top