| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено одбележување на Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот – 27 март, Македонскиот центар на ИТИ во соработка со Автономниот културно-социјален центар го одбележува 27 март со следнава програма: Во 20 часот  свечено отворање, по што ќе следува проекција на видеото: „World Theatre Day Message 2014 by Brett Bailey, read in Macedonian“, во режија на Иво Бару. Актер: Марјан Ѓоргиевски, МНТ-Битола. Во 20.25 часот читање на македонската порака за Светскиот ден на театарот. Пораката ќе ја прочита авторката Звезда Ангеловска (актерка и режисер).

Во 20.45 часот ќе се одржи отворена дискусија на теми: интерпретација и изработка на пораката на Брет Бејли, во видеото на Иво Бару; разговор со Звезда Ангеловска – актерка и режисер; театарските уметници имаат потреба од активна асоцијација/сојуз/ здружение на театарски работници/театарски уметници која/кое ќе ги штити и застапува нивните права и потреби – истата постои, формирана е, но зошто не функционира (тема-предлог на Васил Михаил, актер и режисер од Струмица)?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top