| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на Илинденска, возило влета во спротивната страна од булеварот (видео)

Две возила, „рено клио“ и „форд фокус“, се судрија на крстосницата меѓу булеварите Илинден и Климент Охридски во близина на Владата. Откако двете возила удрија едно во друго, едното возило под дејство на ударната сила и лизгавиот коловоз излета на другата страна на булеварот, во спротивната лента и удри во друго возило, „пасат“, кое чекало на семафорот. Најверојатно, патниците не се повредени. Возачите на „реното“ и на „пасатот“ веднаш излегоа од возилата. Возачот на „фордот“ остана внатре.


Според очевидци, едно од возилата поминало на црвено светло, по што настанала сообраќајката. Причинета е голема материјална штета. Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top