
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, в петок, на 28 март (20 ч.) ќе се одржи финалето на традиционалниот натпревар на француска шансона, кој го организира Францускиот институт во Скопје.
Овој музички настан се организира во рамките на прославата на франкофонијата, а во финалето ќе учествуваат најдобрите 14 средношколци-финалисти, кои беа избрани во рамките на претселекцијата која се одржа минатата сабота.
Победникот на овој натпревар добива патување во Франција.
На натпреварот учестувале и освоиле награди неколку од потврдените музички имиња на поп-сцената, како Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Васил Зафирчев, Биба Додева, а минатогодишната победничка на шансоната, Александра Јанева, беше и победничката на последното издание на фестивалот „Макфест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


