| четврток, 6 декември 2018 |

На Јадран се гради нова Флорида

Во близина на брегот и во центарот на Цриквеница, во близина на Риека, Хрватска, вратите наскоро ќе ги отвори првото хрватски одморалиште за богати пензионери.

Во висок квалитет на живот 24 часа на ден ќе може да уживаат 120 станари, кои ќе избираат дали да купат или изнајмат еден од луксузните апартмани, концепт сличен на големите рисорти во Флорида, која е позната како земја на пензионери.

За пензионерите од другите земји би било идеално да потрошат половина од годината дома, а другата во Хрватска, пишува хрватскиот „Лидерпрес“.

Се планира одморалиштето да биде отворено и за други туристи, но целта првенствено се богатите пензионери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top