| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд во Хрватска одлучи – вакцинацијата е задолжителна

vakcina

Уставниот суд во Хрватска одлучи – вакцинацијата во таа земја е задолжителна. Уставниот суд го отфрли предлогот за уставноста на задолжителната имунизација на децата кој го поднесе една брачна двојка.

Обврската за вакцинација во последниве месеци е исклучително чувствителна тема во јавноста, особено по серијата написи за негативните ефекти врз здравјето на децата. Предлагачите за нејзиното оспорување пред судот навеле дека задолжителната имунизација во Хрватска го крши правото на родителите да ги одгледуваат децата според нивните сопствени убедувања. Тие ја навеле и дискриминацијата на невакцинираните деца бидејќи не можат да се запишат во градинка или во училиште. Од друга страна, велат дека никој не гарантира дека после вакцината детето нема да заболи од истата болест. Уставниот суд побарал мислење од Владата и од Министерството за здравство кои доставиле обласнување дека имунизацијата е најбезбедниот и најефикасниот начин за спречување на заразните болести, кои се обично во детството кога одбранбениот механизам не е развиен. Во однос на компликациите, властите доставиле одговор дека клинички несакани ефекти се јавуваат многу ретко, обично во форма на локално црвенило и оток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top