| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе се сретне со папата Франциск

obamaitaly

Барак Обама, претседателот на САД, пристигна во Италија, каде што освен со политичките лидери на таа земја треба да се сретне и со папата Франциск.

Обама претходно беше во Хаг и во Брисел, каде што со европските лидери разговараше за ситуацијата во Украина.

Според високиот функционер за национална безбедност на САД, Бен Роудс, американскиот претседател нашол инспирација во поглаварот на Римокатоличката црква и начинот на кој тој ги мотивира луѓето низ светот со своите пораки за еднаквост.

Тој додаде дека Обама планира да му изрази почит на папата за неговиот начин на лидерство.

Американскиот претседател утре од Италија ќе замине за Саудиска Арабија, која е последна дестинација од неговата еднонеделната турнеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top