| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватските ракометарки подобри на воведот од двомечот во Скопје

Металург загуби со три разлика од Локомотива, а Вардар со два од Подравка

Освен почетното водство од 5-2 во првата фаза од дуелот со Локомотива, Металург беше во постојана негатива во средбата што во Автокоманда се одигра во рамките на регионалната женска ракометна лига, што на крајот резултираше со пораз од 30-27. Најефикасна во нашиот тим беше Мирјета Бајрамовска со седум гола, во мечот Божиќ со 9.
ЖРК Вардар во арената Борис Трајковски и даде повеќе отпор на Подравка што се гледа од движењето на резултатот и од конечите  25:23 за редовниот учесник во ЛШ.
Најдобра кај нас Марина Дмитровиќ која беше стрелец на осум гола, поефикасна од неа во победничкиот тим беше Милановиќ Литре со девет гола.
Во недела, Металург и ЖРК Вардар ги менуваат противниците. Подравка оди во Автокоманда, а Локомотива гостува кај ЖРК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top