Овде во Чашка ќе покажеме дека навистина ова е срцето на Македонија. Ќе покажеме дека Чашка, Богомила, Извор, Мелница, Теово, Оморани и сите останати места во оваа прекрасна општина знаат да одлучат кој треба да ја води нашата Македонија, рече пратеникот Илија Димовски на митингот во Чашка.
Се наоѓаме на прагот на оддржување на претседателските избори. Тие избори секогаш даваат суштински правец каде ќе се движи Република Македонија во следните пет години. Не се небитни, како што некои сакаат да кажат и да омаловажат. Напротив, овие избори се многу значајни. Со овие избори ние ќе покажеме дека знаеме да си ја почитувама државата и знаеме да си ги почитуваме институциите на државата. На овие избори, со масовен одзив, како на референдум, и со огромна поддршка за нашиот кандидат за Претседател, господинот Ѓорге Иванов, ќе покажеме дека си ја сакаме Македонија, рече Димовски.
Тој нагласи дека функцијата Претседател на Република Македонија има огромно значење. Претседателот на државата треба да е гарант на државноста на Македонија, но и гарант на стратешкиот правец за исполнување на државните и национални интереси на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија.
-Ѓорге Иванов во минатите пет години беше токму таков Претседател на државата. Ѓорге Иванов беше Претседател кој најдобро знае да ги чува нашите државни и национални интереси. Од моментот кога прв пат граѓаните на Македонија го избраа за Претседател знаеме дека можеме да му веруваме. Знаеме дека неговиот патриотизам, неговата чесност, скромност и посветеност се гарант за интересите на Македонија. Тоа е така зошто на Иванов државата му е пред се, Македонија му е пред се! Претседателот Иванов е човек од народот. Како сите вас, како сите нас овде собрани. Тој целиот свој живот и целата своја кариера ја базира на макотрпна и чесна работа, изјави Димовски.
Тој подвлече дека ниту еднаш до сега за него не слушнавме критика дека излажал некого, а нема ниту да чуеме.
-Ниту еднаш до сега за него не слушнавме изјава дека сменил став или правец, а ни тоанема да го чуеме. Претседателот Иванов е човек од народот. Искрен и непосреден, еден од нас, рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ