Срби и Руси 300 милиони!
Фејсбук групата „ФБ референдум- Путин, приклучи ја и Србија“ за само неколку дена собра повеќе од 15.000 членови! По приклучувањето на Крим на Руската Федерација, основачите на групата повикуваат на референдум на кој Србија би била приклучена на Русија по кримското сценарио.
На мапаа се гледа Србија заедно со Република Српска и Црна Гора. Мнозинството членови одобруваат приклучување кон Русија што го потврдуваат со коментари. Во опис на групата се наведува дека се потребни милион луѓе што би ја покажало волјата Србија да стане дел од Русија.
– Србија има толку пријатели во Русија, а еден од нив е и вицепремиерот на Русија кој е Србин по потекло! Зошто тоа пријателство да го занемаруваме? Сакаме референдум по ова прашање, пишува еден од членовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.