| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Иванов даде поддршка за сѐ што е во корист на граѓаните

ACE_2473

Кога за прв пат пред 5 години претседателот Иванов одлучи да ја побара довербата од нашиот народ да ја води државата, знаев дека застанавме на вистинската страна. Го подржавме без размислување и ние кои го познававме но и огромно мнозинство од граѓаните на Република Македонија на кои им влеја верба, кои во него препознаа позитивна промена, кои во него препознаа човек кој може да ја води Македонија, рече Гордана Јанкулоска од Свети Николе.

Претседателот Иванов, како што изјави Јанкулоска, секогаш ја почитувал македонската богата култура, историја, наука, го почитиувал и секој човек, секој граѓанин и несебично го споделувал неговот знаење со студентите и граѓаните. Таа додаде дека Иванов дал поддршка кога се зголемувале пензиите, платите, кога за најранливите категории се утврдила минимална плата, субвенциите, материјалното обезбедување на стечајците и други ранливи групи.

Министерката потесети и дека најголемите капитални проекти како што е автопатот Миладиновци – Штип, поминува токму низ Свети Николе, а претседателот дал несебична подршка за остварување на истиот и лично одел таму каде што требало да се претставуваат интереси на дражавата и да се обезбедат средства за изградба. Но и дека дал поддршка за изградба на спортски сали, инфраструктура дисперзирани студии, се што е во корист на граѓаните на Македонија и Свети Николе.

-Денес после 5 години претседателот Иванов е овде пред сите нас, уште еднаш ја бараме заедно довербата затоа што во овие 5 години ни докажа дека не е само добар човек, дека не е само добар професор, туку е и одличен преседател кој секогаш беше таму каде што трба да се бранат интересите на Репбулика Македнија, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top