| четврток, 6 декември 2018 |

Храна што ја зголемува желбата за секс

seksСоздава желба за секс,  ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир. Храната-афродизијак може да асоцира или да сугестира, но не и да предизвикува физичка сексуална реакција. Што е она што делува на нашиот организам и ја зголемува желбата за секс?

cokolada

Чоколадо
Чоколадото отсекогаш се асоцирало со љубовта и романсата. Маите го обожавале дрвото на какаото и го нарекувале „храна на боговите“.

Истражувањата покажале дека чоколадото содржи фенилетиламин и серотонин, супстанции кои поттикнуваат да се чувствувате добро. Тие се произведуваат од мозокот кога се чувствувате среќни, возбудени или исполнети со љубов.

asparagus

Аспарагус
Аспарагусот може да биде многу заводлива храна. Во 19 век, на младоженците пред брачната вечер им бил даван оброк кој содржел аспарагус. Можете вие и вашиот партнер да започнете со јадење од различната страна и да се сретнете во средината.

Аспарагусот е богат со калиум, калциум, растителни влакна, фолна киселина и витамин Е. Го зголемува создавањето на хормони и енергија.

feferoni

Феферони
Консумирањето на лути пиперчиња предизвикува физички реакции како забрзан ритам на срцето, зголемена циркулација и потење, кои се слични на реакциите на телото за време на секс. Супстанцијата капсаицин е предизвикувачот на тие реакции.

Фефероните имаат богат, зачинет и може да се каже егзотичен вкус. Тие помагаат да се стимулира создавањето на ендорфини, хормоните на среќата.

ostrigi

Остриги
Основно поради нивната форма, остригите биле сметани за афродизијак илјадници години. Во минатото, и мажите и жените консумирале живи остриги, верувајќи дека предизвикуваат возбуда и ја зголемуваат плодноста.

Остригите се богати со цинк, кој главно се асоцира со зголемување на потентноста кај мажите.

med

Мед
Златен, леплив и сладок. Изгледот, текстурата и вкусот на медот го прават мистериозен и на некој начин гламурозен.

Добивањето на мед е тесно поврзано со oпрашувањето, па затоа медот го симболизира актот на размножувањето.

avokado

Авокадо
Авокадото има женствена форма, но се асоцира и со машката сексуалност. Дрвото на авокадото Ацтеките го нарекувале „дрво на тестисите“, поради изгледот на висечките плодови на дрвото.

Авокадото содржи многу фолна киселина, витамин Б6, калиум и го подобрува имунолошкиот систем.

bademi

Бадеми
Низ вековите, бадемите биле симбол на плодноста. Некои веруваат дека овој плод ја зголемува страста и возбудата кај жените. Бадемите се богати со витамин Е, магнезиум и растителни влакна.

smokvi

Смокви
Смоквите веројатно придобиле својство на афродизијак поради нивната форма. Се смета дека пресечената смоква асоцира на женски полови органи.

Смоквите биле омилено овошје на Клеопатра и на античките Грци, па се асоцираат со љубов и плодност.

gumbir

Ѓумбир

Многу луѓе веруваат дека ѓумбирот има својство на афродизијак. Тој ја стимулира циркулацијата на крв и ја зголемува желбата за секс.

Ѓумбирот помага и за ублажување на менструалните болки и за добро варење на храната.

bosilek-lechebno-armotana-kultura-_html_35772e3d

Босилек
Векови наназад се верува дека босилекот ја стимулира желбата за секс и ја зголемува плодноста. Босилекот има прекрасна арома, а може да излечи и главоболка. Тој го затоплува телото и ја зголемува циркулацијата на крвта.

Употребете босилек во сосот за шпагети и нема да погрешите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top