Ако во компликуваните машко-женски односи нешто тргнало наопаку, можеби не е лошо одговорот да го побарате од машкиот агол. Поголем број жени со текот на животот се нашле во ситуации кога била отфрлена или оставена, а да не може да ја разбере причината. Меѓутоа, многу од нив не се ни свесни на ситните пропусти кои ги прават и тие, ужасни навики како приговарање, погрдни зборови и наметнување на својота волја на појакиот пол.
Сето тоа може да го одсалечи мажот од жената, а Дејвид Гуд во книгата „The Man Code: A Woman’s Guide to Cracking the Tough Guy“ на дамите им ги открива прецизно тајните на машкиот ум, вклучувајќи кои навики повеќе од сѐ ги тераат мажите на бегање. Кај нив алармот за „бегање“ неретко е вклучен, да речеме во следниве ситуации:
1.Сакате да го промените:
Жените често влегуваат во врска очекувајќи од мажот дека ќе промени некои работи. Ако тој го направи тоа, користа на тие промени мора да се надминат. Тоа може да ви се врати како бумеранг затоа што ако сакате да се одрече од сѐ што го радува во животот, можеби ќе заклучи дека подобро ќе му биде да не е со вас.
2. Заморување за безначајни работи:
Романсата е како играње покер, подобро е да се сочуваат емоциите. Мажите даваат значење на општи теми, додека жените се лепат за дребулии. Во неговите постапки главно нема скриени намери. Ако надвор е со пријателите, тогаш е само надвор со пријателите.
3. Секс на првиот состанок:
За жал, тоа е вистина. Ако жената на првиот состанок понуди секс, најверојатно секој маж ќе го забележи тоа. Жената што заминува само со бакнеж за добра ноќ и го остава да чека ќе биде многу повозбудлива за мажот. Навистина, и ова „правило“
има свои исклучоци.
4. Повторување сѐ додека не ја загуби смислата:
Жените за љубовта треба да зборуваат „тивко“. Со други зборови, тоа е она кога работите, а никој да не ве гледа, кога ќе го држите за рака сакајќи да му кажете дека сѐ ќе биде во ред. Ако секогаш зборувате „те сакам“, тие зборови ќе го загубат значењето.
5. Нелојалност:
Довербата е главна девиза на машкиот живот. Ако жените не се доверливи со други жени, тоа мажите го забележуваат и сметаат дека такви ќе бидат и кон нив.
6. Не се чувствува како заштитник:
Како што жената сака да се чувствува згрижена и заштитена, така и мажот сака да знае дека тој е оној поради кого таа се чувствува така.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.