– Македонија и Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на земјоделството – истакнаа министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, и амбасадорот на Кина во нашата држава, Цуи Џивеи, на денешната проштална средба.
Министерот Димовски на средбата му се заблагодари на амбасадорот Џивеи за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во Министерството за земјоделство во НР Кина и му посака успех на личен и професионален план и во иднина.
– Нашата плодна и успешна соработка ќе продолжи и во иднина. Во Македонија секогаш ќе имате искрени пријатели – истакна министерот Димовски.
Амбасадорот Џивеи се заблагодари на поддршката и помошта која ја имаше од министерот Димовски и Министерството за неговата и за работата на амбасадата.
За време на средбата се разменија позитивни впечатоци за досегашната одлична меѓусебна соработка и беше истакнато дека таа ќе продолжи и во иднина.
Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, со Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Македонија во Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



