| четврток, 6 декември 2018 |

Преку соработка на институциите до повисоко ниво на заштита на здравјето на луѓето

dejan

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски и претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Мендерес Кучи, денеска потпишаа меморандум за соработка, чија крајна цел е обезбедување и подигнување на ново ниво на заштитата на здравјето на луѓето и потрошувачите.

Дејан Рунтевски  рече дека потпишувањето на договорот било на иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство и дека истиот за нив претставува една долгорочна инвестиција.

– Поентата на меморандумот е преку една редовна соработка, преку соработка во делот на разгледување на законската регулатива пред истата да се донесе да се добијат соодветни мислења од страна на Комората, преку редовни состаноци на кои што ќе се врши обука на членките од Комората да се запознаат со законските обврски коишто компаниите во делот на производството и на прометот со храна ги имаат, да се прават едни редовни средби на месечно ниво на кои ќе може да се дискутира за проблемите кои ги имаат компаниите во делот на надлежностите на Агенцијата за храна и ветеринарство, се со цел истите да се превенираат и да се решаваат на еден поинаков начин – рече Рунтевски.

Тој додаде дека ваков меморандум агенцијата веќе потпишала со Стопанската комора, а наскоро ќе потпишат меморандум и со Сојузот на стопански комори со цел дa го опфатат целиот бизнис сектор.

– Ние како агенција ќе им ги презентираме законските измени и обврски на компаниите, се со цел полесно да се прилагодат и да ги исполнуваат истите во делот на безбедноста на храната, додаде Рунтевски.

Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Мендерес Кучи ја поздрави иницијативата за потпишување на меморандумот од страна на Агенцијата храна и ветеринарство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top