Иако на нуклеарниот смаит, кој се одржа во Ден Хаг сите теми ги засени ситуацијата во Украина, на дневен ред се проби уште едно прашање. Социјалните мрежи се разгореа по прашањето на сексистичкиот скандал во кој западна компанијата задолжена за водење грижа за исхраната и пијалоците на глобалните лидери во Хаг, меѓу кои се Барак Обама, Ангела Меркел, Дејвид Камерон и многу други, но без Владимир Путин.
Имено, светските моќници ги послужуваат исклучително момчиња постари од 25 години, додека на жените пристапот во салите каде шефовите на државите разговараат за важни теми им е забранет. Во агенцијата за кетеринг„Ван Дер Линде“ тврдат дека на самитот ги испратиле само своите машки вработени исклучително заради единствената причина: на претседателите и премиерите жените да не им го одземаат вниманието.
-Ако имате 20 мажи кои послужуваат, а потоа тоаѓаат три русокоси келнерки, тоа ја расипува сликата. Персоналот мора да биде унифицирано во најголема можна мера, а тоа не е возможно доколку меѓи послужителите уфрлите неколку згодни и заводливи дами, изјавил сопственикот на компанијата за кетеринг, Ханс Ван дер Линде за холандскиот весник „Алгемеен дагблад“.
-Всушност првичната идеја ни беше да испратиме само дами кои би ги послужувале светските моќници во сини куси здолништа, се пожалил сопственикот на кетеринг компанијата, но неговата идеја со индигнација била одбиена од Министерството за надворешни работи на Холандија. А и мини здолништата сепак, не би биле практични, бидејќи на самитот има високи скали, па така во мали фустанчиња, девојките не би можеле безгрижно да се искачуваат и да ги кренат нозете колку што е потребно, додал Ван дер Линде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.