Три тајни агенти одговорни за безбедноста на американскиот претседател Барак Обама во текот на престојот во Амстердам викендов, се испратени дома и привремено се суспендирани по бурната забава која завршила така што еден од нив се онесвестил на сред пијанство, пишува „Вашингтон пост“.
Персоналот во хотелот им јавило на американската амбасада во Холандија дека го пронашле нивниот агент онесвестен во ходникот на хотелот. Портпарол,от на тајната служба Ед Донован потврдил дека дома се испратени три агенти и тоа поради дисциплински причини и дека се суспендирани до крајот на истрагата.
Овој настан потсетува на скандалот кој се случи во април 2012 година во Колумбија кога десеттина агенти се опијаниле, а потоа во своите соби довеле проститутки. Тоа се случило во пресрет на доаѓањето на Барак Обама на економскиот самит во Картагена.
Инаку, агентите кои одат на службено патување не смеат да пијат десет часа пред преземањето на должноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.