Песната на Тоше, која Даниел Кајмакоски ја изведе во финалето на „Икс-фактор“, беше и песната која што му ја донесе победата.
– Цел живот го чекав овој ден да ги видам моите родители како се гордеат со мене. Ова е почеток на нешто убавo, бајка што заедно ќе ја напишеме. Допрва н` чека работа. Се надевав на победа, но бев подготвен и на пораз. Знам дека бев фаворит, но фокусот цело време ми беше на што подобро мое претставување. Песната „Најтешкото нешто“ ја посветив на последната моја девојка – изјави Даниел за „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


