| четврток, 6 декември 2018 |

Мираковски е нов играч на Работнички

По неколку неделни преговори поранешниот кошаркарски репрезентативец Димитар Мираковски потпиша за најтрофејниот кошаркарски колектив КК Работнички.
По ненадејниот раскин на договорот со Кожуф, популарниот Мите тренираше со новите соиграчи во Градски парк. Проблемот околу потпишувањето на договорот со Мираковски беше долгувањето на претходните управи на клубот со овој искусен плејмејкер. Тој и Работнички се очекува да го потпишат договорот во текот на денешниот ден.
Мираковски им е добро познат на симпатизерите на клубот бидејќи со успех настапуше од 2007 година. Со Мите Работнички ќе се обиде да го симне од тронот шампионот на Макеоднија тимот од Аеродром МЗТ Скопје.
Првенството на Македонија продолжува следната недела кога се ќе се игра големото дерби МЗТ – Работнички во рамките од Супер лигата и тоа во првото коло.
Работнички го заврши првиот дел од сезоната на првото место со само еден пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top