
Италијанските медиуми објавија дека по шокантната вест за повредата на Милито може да дојде уште пошокантана вест, Руд ван Нистелрој од пенизја да се активира повторно во фудбалот.
Наводно Интер се мисли да го убеди вториот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите да заигра повторно професионално фудбал на триесетиседумгодишна возраст, и барем до летото да го носи црно-синиот дрес и му помогне на тимот колку што може. Овие сензационални најави дојдоа дента кога претседателот на Интер Масимо Морати најави дека клубот ќе донесе замена за Милито.
Ако, пак, чудо се случи и Ван Нистелрој повторно заигра фудбал, Интер ќе го добие човекот кој постигна 382 гола во 659 натпревари во својата кариера, од кои 35 за националниот тим на Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


