Само неколку недели по Зимските олимписки игри, градот домаќин, Сочи наликува на град на духови. Празни улици, напуштени објекти и неколку кучиња скитници кои се сончаат на плажа…
За потребите на олимписките игри изградени се околу 40 нови хотели, а 15 се целосно реновирани, со надеж дека градот ќе стане атрактивна туристичка дестинација во текот на целата година.
Иако за целиот проект беа потрошени 51 милијарди долари, дел од објектите останаа недовршени, а дел од инфраструктурата почна да се распаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


