| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична порака на поранешниот лекар во Формула 1 до фановите на Шумахер: Подгответе се за најлошото

sumaher

Некогашниот главен лекар во Формула 1 ги предупрди сите фанови на Михаил Шумахер да се подготват за најлошата вест. Гери Харстеин не верува дека некогашниот шампион некогаш ќе се опорави.

Што повеќе човекот минува време во вегетативна состојба, тоа е помала веројатноста дека ќе се врати, а поголема е веројатноста дека ако некогаш излезе од оваа состојба, последиците ќе бидат изразито тешки, рекол Харстеин и додал дека ако пациентот преживее најмалку година во вегетација таквата состојба може да се нарече трајна.

Според лекарот, по таа година мината во вегетација, пациентот најчесто има уште највеќе неколку години живот, зависно од општата состојба, квалитетот на негата која ја добива и некои други околности.

– Најчесто умираат од респираторни или уринарни инфекции. Има случаеви кога пациентите живееле подолго, но тоа се исклучоци, рекол тој.

Портпаролката на неговото семејество неодамна изјави дека лекарите постепено се обидуваат да го разбудат, но не прецизираше кога би можеле да успеат во тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top